• E-MAIL
  • /   Сподели
vv4

Валентина и Владимир

Љубовта е вечна инспирација за човековото творење. Многу големи умови љубовта ни ја пренесуваат на многу едноставен, а сепак силен начин.

„Љубовта има две нешта кои ја пратат: добрината и стрпливоста.“ – Данте Алигиери

Моментот кога сфаќаме дека љубовта е всушност најискреното нешто што може да го искусиме во текот на животот, воочуваме дека без љубовните искри, трепети, адреналински скокотења, животот не би бил ист. Секојдневието нè принудува да ја користиме секоја дадена секунда, за наши лични интереси и цели, односно да го посветиме и така малиот преостанат дел од секојдневните активности на некој или нешто што има огромно значење и вредност за да се посвети и така скапоценото време. Вниманието, посветеноста, малата жртва, интересот, желбата да се направи некој среќен со посветеното внимание и време е бесценето и незаменливо.

„Никогаш не сум замислувала дека љубовта би имало толкаво влијание врз мене и врз моето секојдневно делување, сè до моментот кога случајноста и судбината нè поврза со Владимир и ми овозможи да ја сфатам вистинската вредност во животот. Моментот кога воочуваш дека се разоткриваш самата себеси со секоја измината секунда, поглед и насмевка е доволен знак дека вистинските вредности во животот немаат изглед, форма, а сепак имаат огромен ефект и влијание врз секој наш чекор и предизвик што го преземаме. Вистинската личност не треба да биде само одредена појава во нашиот живот за поддршка или разбирање, туку со истата личност треба да бидат споделени сите моменти на среќа, тага, неизвесности, несигурности и воедно да постои неопишливо заедништво и сплотеност со цел да се реализираат сите предизвици.“

Почетокот на една љубовна приказна произлегува од самоиницијативноста, желбата за внимание и посветеност од друга личност, неочекувани моменти, бран на емоции и многу други вакви љубовни предзнаци што ги градат првичните столбови или темели на љубовното дрво. Сите вакви љубовни знаци ја градат и целината на блискост, поврзаност и искреност што за секоја врска или брачна заедница е од голема значајност и важност.