• E-MAIL
  • /   Сподели
ss4

„Едно СРЦЕ само за ТЕБЕ“

Марија и Павле

„Освен љубовта, ништо друго нема смисла“ – Едвард Камингс

Што се случува кога луѓето ќе ги отворат своите срца? Стануваат подобри.

„Имаме моменти кога се чувствуваме минијатурно, како да сме само мал дел од овој свет. Но, кога сме со саканата личност се чувствуваме сигурни, големи, важни и уникатни. Кога ги отвораш своите чувства кон партнерот е најчудното чувство, бидејќи даваш дел од себе. Но, кога тоа ќе биде со вистинската личност тогаш тој дел од себе ќе се пополни со неговите чувства кон тебе. Тоа е ЧУВСТВОТО за паметење и вечен живот“

Секогаш сме во потрага по нешто ново, динамично, авантуристично. Сепак, кога ќе стигнеме до одреден период од животот доаѓаме до момент кога имаме потреба од сигурност, стабилност и поддршка во секојдневните активности.

„Од сите форми на претпазливост, најфатална за вистинската среќа е претпазливоста во љубовта“ – Бертранд Расел