• E-MAIL
  • /   Сподели
ll4

Лалица и Горан Перкови

Долгите љубовни врски не секогаш се предуслов за доживување на вистинската и безвременска љубов, туку моментот кога ќе се појави она невино и искрено вкрстување на взаемни погледи кои будат микс од чувства на љубопитност, невиност, предизвик и многу други показатели на нешто ново и непознато.
„Кога ќе сфатиш дека остатокот од животот сакаш да го поминеш со некоја личност, ќе сакаш тој остаток да започне што побрзо. Иако не бевме долго време заедно знаевме уште од првиот момент дека сме создадени еден за друг, знаевме да го препознаеме она што го имаме и да го вреднуваме. Првичните моменти и средби беа доволни за да откриеме дека сме судени еден за друг и дека не можеме да го исполниме нашиот живот еден без друг.“
Најдобрата љубов е онаа која што ја буди душата, онаа која нè прави да посегнеме повеќе и онаа која што всадува оган во нашите срца и му нуди мир на нашиот ум. Не стапуваш во брак со некого со кого би можел да живееш – стапуваш во брак со личноста без која не може да живееш.
„Ние знаевме дека тоа ќе можеме да си го овозможуваме засекогаш. Вистинската личност го побуди во мене тоа чувство на сигурност, безбедност, самоиницијативност и храброст за нови предизвици. Неопишливо е чувството кога знам дека во секоја секунда, можам да ги споделам сите моменти на среќа, тага, страв со личноста која најмногу ѝ верувам и дека со секој ден се усовршувам и како карактер и како личност во овој динамичен и иновативен свет.“
Најдобрата љубов е онаа која што ја буди душата, онаа која нè прави да посегнеме повеќе, и онаа која што всадува оган во нашите срца и му нуди мир на нашиот ум.
„Љубовта е создадена од една душа која живее во две тела“, Аристотел