• E-MAIL
  • /   Сподели
dd4

Мила и Антонио Јовановски

Вистинската љубов не се наоѓа на веќе познато место, во точен временски интервал или на веќе познато место, туку вистинските и искрени љубовни искри и честички се појавуваат во сосема случајна ситуација, време и место. Сепак, случајноста и спонтаноста се пресудни за откривање на вистинскиот брачен партнер и личноста со која што ќе се помине остатокот од животот.
„Доволен беше самиот негов поглед и целиот ден добиваше совршена смисла на перфектност и топлина. Клучот на нашата врска е разбирање и доверба. Секогаш сме тука еден за друг и совршено се разбираме на начин кој не можам да го опишам и сето тоа поради почитта за посебноста и различноста кој секој од нас ја има.“ – Мила
„Моментот пред да го извадам прстенот, за првпат во мојот живот имав микс од емоции каков досега не сум го почувствувал за никого, што укажува и на тоа дека сето тоа се случува само за онаа личност која неверојатно ти значи најмногу во животот. “ – Антонио
Целото човештво пред сè постои благодарение на оние луѓе кои се во состојба да сакаат и да споделат љубов.
„Животот нема цел само да се пронајдете себеси. Животот ви дава можност и да се создадете себеси“ – Џорџ Бернард Шо