• E-MAIL
  • /   Сподели
22688666_1674365192594091_784501601807726951_n

Парадокси на љубовта

Адријана и Ники

„Имај доволно храброст уште еднаш да веруваш во љубовта. И секогаш уште еднаш.“ – Маја Ангелоу

Совршенството не постои. Само се среќаваат луѓето чии несовршености на толку совршен начин се надополнуваат. Совршеното е монотонија, не ги предизвикува емоциите, не е човечко, не е душевно. Болката за љубовта е толку голема што недостатоците фалат најмногу зашто тие, заедно со добрите особини го прават еден човек таков каков што е.

„Повеќе не верував во идејата за сродни души или за љубов на прв поглед. Но, почнував да верувам дека неколку пати во твојот живот, ако имаш среќа, можеш да сретнеш некој кој е токму вистинскиот за тебе. Не затоа што е совршен или за тоа што ти си, туку затоа што вашите комбинирани маани се распоредени на начин кој дозволува две различни суштества да бидат заедно.“