• E-MAIL
  • /   Сподели
2

„ПУЛС на љубовта“

Сандра и Владко

„Кога човекот знае зошто сака, тогаш не сака вистински.“ – Јесенски

Љубовта е глас кој ја надминува секоја тишина. Надеж која го победува секој страв. Сила која е посилна од секоја слабост и вистина која се слуша побрзо од сончевите зраци, а трае повеќе отколку ѕвездената прашинa.

„Енигмата на љубовта е разрешена. Те имам ТЕБЕ. Ме имаш и ти МЕНЕ. Заедничкиот пулс е она што нè спојува во ЕДНО. Деновите, минутите и секундите се поскапоцени кога сме заедно. Заедничките минути одредија нов пулс во нашиот живот којшто од ден на ден е се подинамичен и интензивен. Љубовта е неопределена енигма и се разрешува со вистинкиот партнер. Тоа си ТИ!“

Кога ќе сфатиш дека со некого сакаш да го поминеш остатокот од животот, тогаш сакаш остатокот од животот да започне колку што може побрзо.