• E-MAIL
  • /   Сподели
ss4

Сања и Сашко

Почетоците на вистинската љубов се невидливи и незабележливи за човечко око, но сепак се незаборавни и предизвикуваат бран на размислувања и емоции.

Оној прв трепет, насмевка е моментот кога сфаќаш дека си се пронајдол себеси во очите на личноста која стои пред тебе. Тие моменти на искреност се всушност темелот на целата љубовна градација.

„Отсекогаш сум мечтаела за вистинска љубов. Од рана возраст сум имала некоја фиктивна и апстрактна замисла за љубовта и нејзиното значење, но тогаш не ми беше сфатливо како би ја распознала мојата сродна душа или како да знам дека одредена личност ќе биде личноста со која би била заедно до крајот на мојот живот. Сепак, се покажа спротивното, односно иако не може да се забележат и видат доминантните емоции, сепак забрзаните љубовни клетки и честички во човечкиот организам оставаат необјаснив впечаток врз одлуките и делувањето на човекот во близина на таа сродна личност. Ваквата љубовна енигма се случи пред неколку години при првото наше запознавање, каде што ми стана сосема јасно дека детската желба сепак станува реалност доколку до себе ја имаш вистинската личност и сите стравови и предизвици стануваат минлива работа. На тој начин се стекнав со одредена сигурност, поддршка и стабилност што ми овозможи полесно да се справам со сите претстојни предизвици во животот.“

„Убава врска е онаа во која љубениот е слободен да биде себеси – да се смее со мене, но никогаш да не ми се смее мене; да плаче со мене, но никогаш поради мене; да го сака животот, да се сака себеси, да сака да биде сакан. Таква врска е основана врз слободата, со неа никогаш нема да има љубомора“, Лео Ф. Бускаглиа