• E-MAIL
  • /   Сподели
r4

„Убавината избледува, но ЉУБОВТА останува“

Ели и Владо

„Јазикот на љубовта се наоѓа во очите.“ – Финес Флечер

Живееме за да сакаме, да бидеме сакани и да научиме како да го шириме ова бесценето чувство кон сите наши најблиски.

„Во младоста ги правиме првите чекори кон нешто сосема ново, различно од она што сме претходно навикнати. Младоста ги поттикнува сите незаборавни и уникатни моменти коишто потоа не следат и во понатамошниот живот и ни будат среќни и позитивни спомени. Сепак, младоста е онаа кои ги начнува љубовните почетоци, но истата не е пресудна за вечното опстанување на љубовта. Тоа произлегува од искреноста во човечката душа и начинот на душевно поврзување со партнерот.“

Кога младоста и убавината ќе изминат, кога нашите тела ќе свенат, само ЉУБОВТА останува и човечките души продолжуваат да живеат.

„Ако љубовта не е лудост, тогаш не е љубов.“ – Педро Калдерон де ла Барка