• E-MAIL
  • /   Сподели
bm4

Љубиш значи ЖИВЕЕШ!

Бети и Мартин

„На цветот му треба сонце да стане цвет, а на човекот љубов за да стане човек.“ – Фил Босманс

Човекот никогаш нема да биде комплетно зрел за претстојните животни активности и обврски. Секоја секунда е доволна за промена на сечиј живот, особено ако во таа секунда ја запознаеш својата сродна душа. Тогаш, со сигурност се созрева многу побрзо.

„Љубовта секојдневно прави чуда: ги ослабува силните, а ги зајакнува слабите; будалите ги прави мудри, а мудрите будали; ги поттикнува страстите, а го уништува разумот; со еден збор, превртува сè наопаку“

Кога љубовната искра навлегла во длабочините на човечката душа веќе ништо не е исто како претходно. Разумот, чувствата, приоритетите, обврските, активностите, страстите сè се менува во истата секунда кога ќе се погледне партнерот во очи. Тогаш, СФАЌАШ ДЕКА ЖИВЕЕШ!

„Времето кое сме го поминале без љубов е изгубено време.“