• E-MAIL
  • /   Сподели
1-6

Љубовта – универзален јазик

Весна и Ангел

Времето е многу бавно за оние кои чекаат, многу брзо за оние кои се исплашени, многу долго за тие што тагуваат, многу кратко за оние кои слават, но за оние што љубат времето е вечно.“ – Вилијам Шекспир

Единствен начин да се сопре времето е да се љуби. Да се љуби најискрено и од дното на душата. Губејќи време за работи кои немаат вистинска вредност, еден ден, кога изворот на животот ќе секне, тогаш покајанието олицетворено во светлосна искра, ќе ја изгори душата. Само љубовта е таа димензија која го заменува времето и доказ дека постои нешто повеќе отколку што науката може да докаже. Љубовта е јазик на кој две души се разбираат, се сплотуваат и стануваат една.

„Ја сакав наспроти разумот, наспроти ветувањето, наспроти мирот, наспроти надежта, наспроти среќа, наспроти сето обесхрабрување кое можеше да постои.“