• E-MAIL
  • /   Сподели
ljupka-i-silvester-4

Љупка и Силвестер

Љубовта не започнува и завршува како што го замислуваме тоа. Љубовта е борба, љубовта е војна; љубовта расте.“ James A. Baldwin

Вистинските вредности во животот немаат облик, мерливост, видливост, звук, а сепак будат такви емоции кај секој од нас што можат да доведат до целосен пресврт на нашето размислување и делување во секојдневниот живот. Љубовта без одредена форма и видливост овозможува секој од нас да се почувствува способен за секој претстоен предизвик со значителна самодоверба и самоиницијативност. Никој никогаш не измерил колку љубов може да поднесе срцето.

„Среќата не доаѓа сама од себе, таа произлегува од сопствената иницијатива за нешто подобро, поразлично, досега неискусено, и надвор од комфорна зона. Затоа, не кажуваме залудно дека за секоја љубов е потребна одлука што ќе предизвика пресврт во нашиот живот со одредена неизвесност за крајниот резултат, односно дали вреди да се направи тој чекор или не. Сепак, првиот чекор, односно првичниот момент на запознавање и споделување на секојдневните искуства со вистинската личност на почеток изгледа како незначајна одлука што сме ја донеле, но во иднина сфаќаме дека била најпаметната и логичната одлука што сме ја донеле и што предизвикала да бидеме сведоци на среќата, исполнетоста, искреноста и заедничката љубовна енергија. Најдобрата љубов е онаа којашто ја буди душата, онаа која не прави да посегнеме повеќе и онаа којашто укажува дека сме се пронашле самите себеси, но не во одразот на саканата личност туку заедно со неа. Кога би морала да кажам зошто го сакам, можам да кажам дека тоа е само поради тоа што тој е тој, а јас сум јас.“

Добрата комуникација е тајната на успешните врски. Звучи едноставно, но во реалноста знае да биде многу тешко. Никој не знае со сигурност како треба да функционира една здрава љубовна врска. Сепак, постои една вистина која важи за сите парови. За успешен однос со партнерот, мора да се знае на кој начин да се побара она што е потребно. Не е лесно да се побара она што треба, но доколку со текот на времето оваа навика стане дел од врската, ќе се воочи дека брачните партнери можат да бидат среќни и задоволни како никогаш дотогаш.

„Вљубените се гледаат само себе си од сите останати, а забораваат дека останатите ги гледаат нив.“ Платон