Love sprkling

SIGMA Моменти

S like Sigma love – Многумина кажале, љубовта нема форма, таа е насекаде. Страниците на заедничката среќа се пишуваат со силата на взаемната љубов и страст, а истата во некој миг, порано или подоцна секогаш бара да биде овековечена во безвременски златен круг кој ги краси рацете на заљубените, како и да биде прославена со свадбени меурчиња од искрени насмевки.

I like Intimate – Искрата на љубовта треба да се оддржува и чува секој ден, секој час, секој миг. Интимната атмосфера е симбол на блискост. Таа е најсветото упориште на искрените чувства помеѓу две заљубени души. Акустиката на смирувачката тишина, но и гласот на саканата личност додека сте сами е музиката која срцето секогаш ќе посакува да ја слушне.

G like Gold – Љубовта нема цена. Таа треба да се почувствува, препознае, покаже, докаже. Гламурот и стилот на златните прстени се симболично, но важно ветување кое ја искажува својата порака секој ден да биде нова шанса да се донесе одлуката да се биде со личноста која ја сакаш и љубиш.

M like Memories – Моќта на спомените, на најважните моменти кои се искусени и доживеани заеднички со искрени насмевки на лицата, е храна за љубовта низ годините. За нејзината страст. Спомените се тие кои што ја потикнуваат љубовта да создава нови и да ја креираат мистеријата на убавината на саканата личност.

A like Adventure – Авантурата е таа која што ја разгорува љубовната жар. Да се патува, да се слави, да се ужива во животот заедно со одбраниот сопатник. Да се почувстува љубовната аура на саканиот каде и да си во светот, е скапоценост која треба да се негува постојано. Арената на љубовта не познава време и место, таа е постојана, а во неа се наздравува за среќните моменти и славата на заедничкиот живот.

Места каде што може да се набави
Веро Тафталиџе
Веро Џамбо

СПОДЕЛИ