
ДА за нов животен почеток
Маја и Трајче
Што е љубовта и како се создава воопшто не е важно. Доволно е човекот да верува во силата на сопствените емоции.
Единствено нашиот одговор на љубовта е оној што нè разликува во перцепцијата која што ја имаме.
„Љубовта не е константна и статична животна одлука, еден поглед и насмевка се доволен знак дека вистинските вредности во животот немаат изглед, форма, а сепак имаат огромен ефект и влијание врз секој наш чекор и предизвик. “
Љубовта е една голема мистерија која секој сака да ја разреши и разоткрие. Секогаш ќе постои желбата за осознавање на изворот на страста и искрената љубов.
Незрелата љубов вели: „Те сакам, бидејќи ми требаш“. Зрелата љубов вели: „Ми требаш, бидејќи те сакам!“ – Ерих Фром