
Првата средба – клуч на љубовта
Љубица и Кристијан
„Во моментот кога тргнуваме во потрага по љубовта, таа тргнува во потрага по нас. И нè спасува.“ – Пауло Коелјо
Кога двете тела ќе се сретнат, преполната чаша се прелива. Тие можат да останат заедно со часови, можеби и денови. Почнуваат да танцуваат на почетокот на денот, а завршуваат на почетокот од другиот ден или едноставно никогаш не престануваат. Тоа е свето.
„Кога ја протресов нејзината рака и ги погледнав тие впечатливи очи, уште пред да го земам наредниот здив знаев дека таа е онаа за која би го потрошил животот. Таа изгледаше толку убаво, толку совршено, додека летното ветре задува низ дрвјата. Ќе го паметам вечно моментот кога ми ја отвори душата и откривме дека сме еден за друг.“
„Бакнежот е генијален трик, дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни.“ – Ингрид Бергман