
„Тишината – темел на вистинска љубов“
Андриана и Васе
„Каде што ти е срцето, таму ќе го пронајдеш твоето богатство, запомни го тоа.“ – Алхемичарот
Нема потреба од постојано зборување. Тишината, близината на двете тела без да проговорат е најскапоцениот дар што може љубовта да го даде на две живи суштества. Тишината е еден од основните темели на вистинската љубов.
„Мирно седиме и гледаме како светот се движи околу нас. Потребно е многу време за човек да научи како да го прави тоа. Се чини дека само старите умеат да седат еден до друг во тишина и сепак да бидат среќни. Младите се нетрпеливи, наметливи и мораат секогаш да ја прекинат тишината. Штета, бидејќи тишината е чиста. Тишината е света. Таа ги зближува луѓето, бидејќи само оние кои се чувствуваат удобно еден покрај друг, можат да седат заедно без да зборуваат.“
„Мудрите се мудри, бидејќи љубат.“ – Пауло Коелјо