
Анета и Бојан
„За љубовта може да се каже исто што и за уметноста: оној што умее да го сака само она што е големо и бескрајно, посиромашен е од оној што и ситницата го восхитува“ – Херман Хесе
Длабочината на некои зборови поттикнува на размислување и потсетува на саканата личност.
„Љубовта кај секој има различна рефлекција и влијание. Сè зависи од начинот на кој се прифаќаат овие моменти на искреност и нежност. Моментот кога се вкрстуваат погледите, моментот кога ми трепери срцето и не можам да го објаснам сето тоа, тогаш знам дека личноста пред мене е вистинската и буди сè што е добро и уникатно во мене.”
Љубовта никогаш не се покажува на возрасен начин, напротив треба да е детскa и искрена, затоа што е тогаш е вистинска.
Љубовта се живее во моментот, ЉУБОВТА Е СЕГА!